Фото: Пиксабеј

Најмалку девет работници загинаа, а се стравува дека уште најмалку 15 лица се заробени по експлозија во тунел во индиската сојузна држава Сиким, пренесе „Ројтерс“.

Несреќата се случила вчера на градилиште на државната електроенергетска компанија на реката Тиста, во селото Самарданг.

Окружниот претставник Субаш Гимиреј изјави дека првичните информации укажуваат дека експлозијата најверојатно била предизвикана од истекување на течен природен гас, но додаде дека причината сè уште не е официјално потврдена.

Спасувачките екипи досега извлекле девет јагленосани тела од местото на несреќата.

Според локалните власти, најмалку 25 работници и службени лица останале заробени во тунелот, а се стравува дека шансите за преживување на дел од нив се мали.

Спасувачките операции се одвиваат во исклучително тешки услови, бидејќи екипите имаат проблеми со дишењето поради присуството на опасни гасови во тунелот.

На терен се доставуваат боци со кислород, јажиња и специјализирана опрема, додека потрагата по преживеани продолжува.