Фото: Пиксабеј

Едно лице почина како последица од легионерска болест во Менхетен, соопштија здравствените власти во Њујорк, пренесе МИА.

Надлежните не открија детали за идентитетот, возраста или околностите под кои починатото лице се заразило.

Според податоците на градското здравствено одделение, во епидемијата што го зафати квартот Горен Ист Сајд се регистрирани најмалку 67 случаи на заболени, а повеќе од десет лица се хоспитализирани.

Здравствените служби продолжуваат да ја следат состојбата и да ги испитуваат можните извори на заразата.