На 15 јули 2016 година обидот за крвавиот преврат на Фетулаџиската терористичка организација (ФЕТО), преку нејзините членови што се инфилтрирале во Турските вооружени сили, беше спречен со одлучноста, решителноста, волјата, храброста, пожртвуваноста на турската нација и одлучниот и храбар став на нашиот почитуван претседател; турскиот народ застана зад демократските институции и власта, која е избрана преку демократски избори. Во десетте години по обидот за преврат Туркије ги зајакна своите демократски институции и капацитет за управување.
Поминаа десет години од обидот за државен удар извршен од страна на Фетулаџиската терористичка организација (ФЕТО) вечерта на 15 јули 2016 година, која имаше цел да го собори уставниот поредок на Република Туркије, претседателот и легитимно избраната влада.
Ноќта на 15 јули 2016 година турската нација го ризикуваше својот живот во одбрана на нашата Република основана според принципот дека „суверенитетот безусловно им припаѓа на нацијата“ и легитимната влада, која дојде на должност по демократските избори. За време на нападот на предавниците врз Големото национално собрание на Туркије, кое ја претставува волјата на нацијата, претставниците од владејачките и опозициските партии собрани во Собранието, обединувајќи се, дадоа пораки на единство и солидарност. Народот во Анкара, Истанбул и во уште многу градови им се спротивстави на членовите на ФЕТО, кои ги користеа тенковите, воените авиони, хеликоптерите на нацијата против нацијата, излезе на улица и докажа дека нема да се покори на државниот удар.

Предавничкиот обид за државен удар, каде што 253 наши државјани ги загубија своите животи, над две илјади наши државјани беа ранети, беше соборен како резултат на нашата нација, која покажа општествен народен отпор, кој служи за пример во историјата на светската демократија. Одлучниот став на нашиот почитуван претседател, меѓупартискиот консензус на нашите пратеници и заедничката волја и непоколебливиот став на нашата нација со сите сегменти ја донесоа победата. Петнаесетти јули е победа на нацијата, на националната волја, независноста, демократијата.
Победата од 15 јули, која влезе во историјата на светската демократија, претставува моќен пример за заштита на демократскиот легитимитет преку волјата на народот. Изложената волја на 15 јули не е само извор на заедничкиот успех на нацијата и заедничките вредности и достигнувања, кои и денес ги присвојуваме, туку истовремено е и еп на самодоверба и единство. Таа е гаранција за долгорочна стабилност, независност и иднина на Туркије.
Потребно е сите да запомниме една важна работа, а тоа е дека ФЕТО, чие темно и валкано лице е откриено со судски одлуки и признавања од самата организација, не само за Туркије, туку тоа е сериозен ризик и за демократијата и институционалните структури во земјите во кои се наоѓа.
Во последователниот период, како резултат на сеопфатната борба на нашите демократски институции и силите за спроведување на законот, вклучувајќи ја и нашата армија, во јавниот и приватниот сектор сѐ со цел расчистување од ФЕТО и поврзаните структури, се спроведоа правни процеси и, како резултат на сето тоа, се елиминира сферата на дејствување внатре во земјата. Туркије со расчистувањето на нејзините институции од ФЕТО, ги зајакна демократската издржливост и капацитетот на владеење, како една држава што е отпорна на кризи, стабилна и со висок институционален капацитет. Со едно сфаќање на мобилизирање на домашните и националните можности, со активностите во полињата на надворешната политика, одбранбената индустрија, хуманитарната помош, безбедноста, технологијата, здравството, транспортот, инфраструктурата и развојот, ја зајакна својата моќна позиција на меѓународната сцена.
По десет изминати години од кукавичиниот обид за државен удар, Република Туркије, чиј компас е национална волја и национален суверенитет, ги одржува своето национално единство и заедништво и безбедно чекори кон иднината. Туркије и во наредниот период ќе продолжи да игра активна улога како ефикасен, одговорен и одлучен актер на регионално и глобално ниво, во рамките на својата хуманитарна, претприемачка и ефикасна надворешна политика заснована врз база на мир, дипломатија, развој и соработка.
Фатих Улусој, амбасадор на Република Туркије во Скопје 15 јули 2026 година
Петнаесетти јули е прогласен за Ден на демократијата и националното единство, со цел да се оживее духот на овој значаен отпор и борба што резултираше со победа
































