РАКОМЕТ – ЖДРЕПКАТА ЗА ЕВРОПСКИТЕ КУПОВИ
Македонскиот женски ракометен првак ЖРК Ѓорче Петров ќе игра со чешката екипа Бањик Мост во 2. квалификациско коло во Европската лига (ЕЛ). Тоа е епилогот од вчерашната ждрепка влечена во Виена.
Бањик во сезоната 2019/2020 испиша историја квалификувајќи се за групната фаза во Лигата на шампионите (ЛШ), во која повторно се натпреваруваа и во сезоната 2022/2023. Првиот меч е на 3 или на 4 октомври, домаќин е македонскиот претставник, а реваншот е на 10 или на 11 октомври.
Во Европскиот куп, ЖРК Вардар ќе се сретне со Бриксен од Италија, во второто коло, на 3/4 октомври, а реваншот е на 10/11 октомври.
Машката екипа на ГРК Тиквеш, пак, во 1. коло ќе игра со ЕШ од Луксембург, на 12/13 септември и на 19/20 септември. Во истото натпреварување во второто коло ќе се приклучат ГРК Охрид, Алкалоид и Бутел. ГРК Охрид и Алкалоид се победници на ова натпреварување во претходните две сезони. Г.И.
































