Meѓународна соработка
Претседателката на Сојузот на просветните работници на Македонија, Жаклина Ристовска, и наставничките Гордана Угриновска, Сузана Николоска, Лилјана Крстевска, Билјана Мишева и Марија Давчевска учествуваа на проект од програмата „Еразмус“ во Шпанија, посветен на дигиталните вештини во образованието.
На обуката беа одржани повеќе работилници посветени на примената на алатки од вештачката интелегенција во едукацијата и иновативни техники за претприемаштво.
Учесниците имаа можност практично да работат со дигитални платформи, да развиваат креативни решенија и да споделуваат искуства со меѓународни партнери. Обуката придонесе за развој на дигитални компетенции, критичко размислување и претприемачки дух кај наставниците.
Предвидени се бесплатни вебинари и обуки за наставниците низ Македонија, на кои ќе биде пренесено стекнатото искуство.
– Овие активности ќе овозможат широка достапност на стекнатите знаења и практики, поттикнувајќи континуиран професионален развој на наставниците. Проектот ќе придонесе кон создавање група самоуверени и вешти едукатори, кои ќе можат да ги применат стекнатите знаења во своите училишта и центри – вели Жаклина Ристовска, претседателка на Сојузот.
Со ова се очекува да се подобрат дигиталните компетенции во напредните технологии и претприемаштвото, да се зголемат креативноста и способноста за решавање проблеми, да се поттикне технолошко образование и да се развијат иновативни наставни практики на сите образовни нивоа.
Со овие активности на Сојузот на просветни работници на Македонија активно се придонесува за унапредување на образованието и подготовка на наставниците за идните предизвици во дигиталната ера.
Ф.Д.































