Фото: МВР/илустрација

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 41-годишниот О.А. од Скопје, кој е осомничен за две тешки кривични дела – „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, првото кривично дело било извршено на 12 јуни на кејот „Димитар Влахов“, каде што осомничениот, заедно со уште две лица, физички нападнал 38-годишен маж и му одзел велосипед, како и паричник со пари и лични документи.

Вториот случај се случил на 10 јули на булеварот „Кочо Рацин“, каде што со употреба на физичка сила и закана со остар предмет од 45-годишна жена одзел паричник со пари и документи.

Од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје информираат дека по целосното документирање на случајот до Основното јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.