Фото: Христијан Мицкоски/Фејсбук
Денеска одржавме работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, посветен на реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во процесот на европската интеграција на државата. Разговаравме за досега постигнатите резултати, тековните активности и следните чекори за исполнување на реформските обврски, информираше премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.
– Заеднички ја потврдивме важноста од континуирана соработка, транспарентен дијалог и ефикасно спроведување на реформите што ќе придонесат за посилни институции, подобро владеење и забрзување на европскиот пат на Македонија. Остануваме посветени на реформите кои носат конкретни придобивки за граѓаните и ја зацврстуваат европската перспектива на државата – напиша тој.