Фото: Пиксабеј

Домување

Чистењето огледала може да биде една од најзаморните работи во домот, бидејќи постојните дамки понекогаш е тешко да се отстранат или остануваат дамки од влечењето потези со крпа. Експертот за чистење Никол Жак вели дека постои едноставно решение за овој проблем. Станува збор за трик, кој е популарен и на социјалните мрежи, а всушност долго време го користат професионалците. Тоа е триење на огледалото со филтер-хартија за чај или кафе.
Филтер-хартијата сè повеќе се препорачува како ефикасна замена за микрофибер-крпите при чистење стаклени површини, огледала и екрани. Нејзината предност е во тоа што не оставаат влакна, доволно е нежна за да не ја изгребе површината и овозможува стаклото да остане целосно чисто, без несакани траги. Иако микрофибер-крпите сè уште се сметаат за најдобар избор за чистење, филтер-хартиите за кафе може да бидат одлична алтернатива кога немате при рака или сакате да ја намалите употребата на синтетички материјали. Препорачливо е да користите обични филтри без бои и шари. За резултатот да биде што е можно подобар, потребно е прво лесно да се испрска површината со средство за чистење, но не и самата филтер-хартија. Експертите советуваат да се користат две одеднаш, бидејќи едната брзо ја апсорбира течноста, додека три тешко се контролираат за време на чистењето. Конечно, сувиот дел од хартијата треба да се користи за полирање на површината за да му се даде на огледалото или стаклото висок сјај без траги.
Овој трик може да се примени и на други мазни површини, како што се апарати од не’рѓосувачки челик или ентериери на автомобили. Доволно е да се нанесе соодветно средство за чистење, лесно да се испрска на површината, а потоа да се избрише со филтер-хартија за да се постигне чист и сјаен изглед.