Фото: „Нова Македонија“

На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ е регистрирана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

На останатите гранични премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.

Според информациите на АМСМ, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од урбаните средини е умерен, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно со возилата. Посебна претпазливост се препорачува на делниците што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.

Како потенцијално ризични се посочуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Воедно, од АМСМ потсетуваат дека од 15 април за сообраќај е отворен патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица, и тоа за сите видови возила со вкупна маса до 3,5 тона.