ХОКЕЈ НА МРАЗ – СП 2026
Репрезентацијата на Финска петти пат е светски првак во хокеј на мраз, победувајќи ја селекцијата на Швајцарија со 1-0 по продолжение, во финалето на Светското првенство (СП) што се играше во Швајцарија. Финска беше планетарен првак и во 1995, 2011, 2019 и 2022 година. Светските првенства во хокеј на мраз се играат од 1920 година, од 1930 се играат секоја година, а годинашниот шампионат беше 89. по ред. Репрезентацијата на Норвешка ја совлада селекцијата на Канада со 3-2 по продолжение, во натпреварот за бронзен медал на СП 2026, освојувајќи го својот прв медал на светските првенства во хокеј на мраз. Канада е рекордер, откако ја освои својата рекордна 28. титула во 2023 година. Н.М.




































