Фото: Маја Јаневска-Илиева

Девизните резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка, пренесе МИА.

Според официјалната статистика, најголемиот дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност, со учество од 70,8 проценти. Монетарното злато учествува со 16,8 проценти, додека валутите и депозитите сочинуваат 12,3 проценти од вкупните резерви.

За споредба, на крајот од декември 2025 година, официјалните девизни резерви изнесувале 4.925,3 милиони евра, што укажува на нивно зголемување во првите месеци од годината.