Во организација на Клубот на литературни творци – Прилеп, денеска се одржа традиционалната поетска манифестација „Мајски поетски средби”, која со години претставува белег во литературниот живот во државата.
– Се собераа поетите, писателите, литературните творци и љубителите на пишан збор од повеќе градови. Мајските поетски средби се препознатлив настан со кој се афирмира македонското литературно творештво, се поттикнува културната соработка меѓу клубовите и се презентираат нови автори и современи поетски вредности. Поезијата праќа пораки за љубовта кон татковината, семејството, човековите вредности. Манифестацијата е мост на пријателство и духовно поврзување меѓу творците – вели Весна Шереметкоска, претседател на Клубот на литературни творци.
На поетската средба се дружеа поети од повеќе градови. Ка.М.

































