Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе ги запленат резервите на високо збогатен ураниум на Иран.
– Ќе го земеме. Не ни треба, не го сакаме, веројатно ќе го уништиме откако ќе го земеме, но нема да им дозволиме да го имаат – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.
Тој додаде дека САД не сакаат да бидат обврзани за премин низ Ормускиот Теснец.
Американскиот претседател, исто така, рече дека го одложил потпишувањето на извршната наредба за вештачка интелигенција закажана за денеска затоа што „не му се допаѓаат одредени аспекти од неа“.
Тој планирал церемонија на потпишување на која треба да присуствуваат извршни директори на компании од областа на вештачката интелигенција.
































