Фото: Пиксабеј

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 километри на час, соопшти УХМР.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

В четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

В петок и во деновите од продолжениот викенд на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен), грмежи и силен ветер (над 60 километри на час).