- По повод овој настан денеска во х. „Конитинетал“ во Скопје се одржа прес-конференција на која присуствуваа организаторот, учесници на првенството, претседателот на Светската федерација за шаховска композиција, Марјан Ковачевиќ, како и главниот спонзор на првенството, шеикот Мохамед бин Хамад Ал Шарки, престолонаследник на Фуџаира
Во организација на скопскиот шаховски клуб Гамбит АСЕЕ, со поддршка на Шаховската федерација на Македонија (ШФМ), утре и во недела во х. „Континентал“ во Скопје, ќе се одржи 19. Европско првенство (ЕП) во решавање шаховски проблеми. По повод овој настан од исклучителна важност за промоција на Македонија на меѓународната шаховска сцена, како и значаен меѓународен настан што го става Скопје и Македонија на мапата на врвните шаховски случувања во Европа, денеска во х. „Конитинетал“ се одржа прес-конференција на која присуствуваа, организаторот, учесници на првенството, претседателот на Светската федерација за шаховска композиција, Марјан Ковачевиќ, како и главниот спонзор на првенството, шеикот Мохамед бин Хамад Ал Шарки, престолонаследник на Фуџаира и директорот на турнирот е Зоран Стојчевски.
– Се надевам дека ќе бидеме добри домаќини како ШФМ и сите останати кои ќе земат учество на ова ЕП. Од мое име и од името на УО на ШФМ ви давам целосна подршка, како и од другите шаховски клубови, и се надевам на успешно ЕП – рече на денешниот прес, претседателота на ШФМ, Саша Богдановиќ.
Директорот на ова ЕП, Зоран Стојчевски потенцираше дека на ЕП, на ден пред почетокот биле пријавени над 90-на учесници од 23 шаховски федерации (ФИДЕ, Македонија, Белгија, Чешка, Финска, Германија, Албанија, Велика Британија, Литванија, Монголија, Холандија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Швајцарија, Украина. Грција, Белорусија и други), дека очекува од Македонија да настапат околу 10-на проблемисти, меѓу кои и искусните Роберт Велески, Николче Филипов, младите Андреј Велјаноски и Антон Златков, кој неодамна на ЕП ја освои и прва велемајсторска норма во класичен шах… Дека Македонија во минатото имала голема историја и искуство во проблемскиот шах, иако во последниве 15-на години има одредена празнина, а токму ваквите ЕП, можат само да ги мотивираат младите шахисти да почнат да се занимаваат и со проблемски шах.
Наградниот паричен фонд за решавачите на ЕЦСЦ 2026 изнесува вкупно 10.000 евра како дел од ВФЦЦ Гранпри Фуџаира 2025-26. Овие награди ги доделува Неговото Височество шеикот Мохамед бин Хамад Ал Шарки, престолонаследник на Фуџаира. Организаторот, исто така, ќе обезбеди награди во форма на ваучери за шаховска литература од престижната веб-страница „Модерн Чес“.
– И се заблагодараруван на ШФМ за подршката и домаќинството, на Зоран Стојчевски како главен организатор, на ШК Гамбит АСЕЕ, како и на гостинот од ОАЕ, Мохамед бин Хамад Ал Шарки, за повеќе годишната доверба и соработката со нас. ОАЕ и се приклучи на Светската федерација во проблемски шах во 2019 година, што значи напредуваме и вон Европа. Предвидени се вкупно 27 парични награди, од кои пет се главни, а останатите се специјални по категории. Исто така за македонските решавачи се предвидени три посебни награди (450, 350 и 250 евра) – нагласи меѓу другото претседателот на Светската федерација за шаховска композиција, Србинот Марјан Ковачевиќ.
Да потсетие дека Македонија и ШФМ е добро познат и признат организатор на престижни шаховски настани во минатото, како што биле: ЕП во забрзан и брз шах, Фишеров шах во 2024 и 2018 година во Скопјe. Светско екипно првенство (СП) во класичен шах за сениори 2023 година во Струга. Европскиот клупски куп (ЕКК) 2021 година во Струга и 2015 година во Скопјe. Поединечно ЕП во класичен шах 2019 година во Скопјe, како и Светскиот конгрес на шаховска композиција и СП во решавање шаховски проблеми во Охрид 2018 година.
– Ви благодарам за убавите зборови за мене и нашата шаховска федерација. Со особено задоволство сум присутен во Скопје, а задоволен сум и од самата организација на ЕП. Ова ЕП е истовремено и трет дел од Светскиот куп (СК), што се организира од Фуџаира, за потоа да продолжи во Германија, а да заврши со финалето во Фуџаира, Овие турнири се мошне значајни за младите категории и нивната креативност во решавање и компонирање на шаховски проблеми со крајна цел да се развие овој спорт во што поголем број учесници. Им посакувам успех на сите учесници на ова ЕП – рече шеикот Мохамед бин Хамад Ал Шарки.
Секое коло на ова ЕЦСЦ Опен ќе се состои од еден двопотег, еден тропотег, еден повеќепотег, една студија, еден помошен мат и еден самомат. Првиот ден (утре), ќе се решаваат три двопотези (20 мин), три трипотези (60 мин.) и три студии (100 мин.). Вториот де в недела, ќе се решаваат три самоматови (50 мин.), три повеќепотези (60 мин.) и три помошни матови (50 мин.). ЕЦСЦ и ЕЦСЦ Опен ќе бидат раководени од судијатата Иван Денковски. Турнирот во брзо решавање ќе биде раководен од судијата Борислав Гаџански. Во рамките на ЕП се одржува и Интернет-турнир во компонирање матови и помошни матови во три потези, чии резултати судијата и велемајстор во проблемски шах, Зоран Гавриловски, ќе ги прогласи на доделувањето на наградите в недела, информираат од ШФМ.
Денеска од 16.30-20 часот, е натпреварот во Отворено решавање на шаховски проблеми, а 21-21.30 часот е состанокот на капитените. Утре е првиот ден од ЕЦСЦ-натпреварувањето (11-14.30 ч.), а в недела (10-13.30 ч.) е вториот натпреварувачки ден. Традиционалната македонска вечер со жива музика ќе биде утре од 21.30 часот, а в недела од 17 часот е затворањето на ЕП и церемонијата на доделување награди на победниците.
Г.И.































