Двајца 16-годишници од тетовско се осомничени за кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“, откако физички нападнале врсник.
Според информациите од Министерство за внатрешни работи, случајот се случил на 20 февруари 2026 година во селото Шипковица.
Едниот од осомничените, покрај физичкиот напад, му упатувал закани на оштетениот и со автоматска пушка.
– СВР Тетово поднесе известување против 16-годишник од с.Шипковица, тетовско и 16-годишник од с.Гајре, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“. На 20.02.2026 во с.Шипковица, пријавените физички го нападнале З.И. во неговиот двор, при што првопријавениот му упатувал ѝ закани со автоматска пушка, информира МВР во полицискиот билтен.

































