Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец кој наместа во западните делови ќе надминува брзина од 50 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за повремени слаби врнежи од дожд во југозападните делови. Од понеделник следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Од вторник ветерот ќе дува слаб до умерен јужен ветер.



































