Владата информира дека, по разговори со компанијата ОКТА, е донесена одлука за продолжување на попустот на горивата до 18 мај 2026 година, со цел ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството.
Со оваа мерка, малопродажните цени на горивата ќе останат намалени, при што попустот изнесува 3 денари по литар за дизелот и 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани.
Од Владата нагласуваат дека остануваат посветени на навремено носење ефективни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, особено во услови на увезена ценовна криза и глобални енергетски предизвици.
– Во координација со надлежните институции и економските оператори, ќе продолжиме внимателно да ги следиме состојбите и да реагираме соодветно, со цел обезбедување стабилност и предвидливост на пазарот. Грижата за граѓаните и поддршката на економијата остануваат наш врвен приоритет – соопштуваат од Владата.

































