Фото: „Нова Македонија“

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжени кривични дела – Силување на дете кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик, информираше попладнево обвинителството.

– Осомничениот, во временскиот период од 2023 година до 27.04.2026 година на различни локации принудувал на полов однос дете родено во 2012 година и го злоупотребувал за да сними фотографии и видеа со порнографска содржина. На детето му се заканувал дека доколку каже некому, снимените материјали ќе ги покаже на други лица – велат од ОЈО.

Како што велат оттаму, имајќи го предвид ризикот од бегство, можноста за влијание врз сведоците и особено малолетната жртва, како и ризикот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.