Почина Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка во Македонската радио-телевизија, соопшти нејзиното семејство.
Алтипармакова целиот свој работен век го посвети на јавниот сервис, каде што остави значаен белег како спикерка, новинарка и уредничка. Со својата професионалност и препознатлив глас, таа беше дел од генерацијата новинари што ја градеа довербата во медиумите во Македонија.
Погребот ќе се одржи утре (22 април) во 11.30 часот на гробиштата „Бутел“ во Скопје.


































