Министерството за внатрешни работи информираше дека дојавите за поставени бомби во трговски центри во Скопје се покажале како лажни.
Како што соопштија од МВР, на 19 април 2026 година на нивната електронска адреса пристигнала заканувачка порака во која се наведува дека експлозивни направи се поставени во трговските центри „Ист Гејт“ и „Дајмонд“.
По добивањето на пријавата, полициските служби веднаш излегле на терен и спровеле детални проверки во и околу објектите.
По извршените контроли, утврдено е дека станува збор за лажни дојави и дека нема опасност за граѓаните.


































