Италијанските пратеници синоќа прифатија ревидиран буџет за 2019 година според минатонеделниот договор со Европската комисија, со што популистичката влада избегна казнени мерки на Бисел и ги смири финансиските пазари.
Владата доби и доверба со 327 гласови „за“ и 228 „против“ и еден воздржан.
Формалното усвојување на текстот е предвидено за денеска наутро.
Италијанскиот Сенат го усвои пред Божиќ буџетот што беше макотропно договорен со Европската комисија која ја отфрли првата верзија, што се случи за првпат во историјата на Европската унија.
Претходната италијанска влада на левиот центар вети јавен дефицит од 0,8 отсто од БДП во 2019 година, а новата коалициона влада на Лигата и Движењето пет ѕвезди, кое дојде на власт на 1 јуни, предвидуваше дефицит од 2,4 отсто за 2019 година. , потоа 2,1 отсто во 2020 година и 1,8 отсто во 2021 година. Дефицитот од 2,4 отсто БДП е во спротивност со правилата во еврозоната.