Четиринаесетгодишен ученик кој вчера уби девет лица во училиште во турската покраина Кахраманмараш дејствувал сам и не бил поврзан со терористички организации, соопштија турските власти, пренесе МИА.
Напаѓачот отворил оган врз ученици и наставник, по што и самиот починал. Во нападот загинаа девет лица.
Полицијата го уапсила таткото на осомничениот, пензиониран полицаец, под сомнение дека оружјето што било користено му припаѓало нему. Приведена е и мајката.
Според локалните медиуми, таткото една недела пред нападот го однел синот на стрелиште, бидејќи покажувал интерес за оружје.
Инцидентот се случи само еден ден по сличен напад во Шанлиурфа, каде што ученик отвори оган во средно училиште и повреди 16 лица, меѓу кои и 10 ученици.
По двата инциденти, Министерство за внатрешни работи на Турција најави засилување на безбедносните мерки во училиштата низ целата земја.

































