Во Пекинг беше создадена нова меѓународна организација – Светската организација за податоци (ВДО), со цел да се намали дигиталниот јаз меѓу развиените и земјите во развој. Организацијата обединува повеќе од 200 члена од над 40 земји и 14 различни сектори, што ја прави една од најголемите иницијативи во областа на дигиталната соработка.
Фокусот е ставен на развој на стандарди за управување со податоци, изградба на инфраструктура и поддршка за земјите со ограничени технолошки ресурси. Според експертите, дигиталните услуги сочинуваат над 60 отсто од извозот во развиените економии, но само 15 отсто во најсиромашните држави.
Кина со оваа иницијатива сака да ја зајакне својата улога како лидер во глобалната дигитална економија.
Паралелно се развиваат и нови технологии како 6Г, напредни чипови и отворени научни платформи. Оваа стратегија е дел од пошироката политика за технолошка самостојност и глобално влијание. Иницијативата веќе се оценува како клучен чекор кон нова фаза на дигитална глобализација.
































