Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава привеле 15 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи.
Од вкупниот број, 10 лица биле затекнати како управуваат возило без возачка дозвола во Скопје, на регионалниот пат Скопје–Тетово кај клучката за селото Групчин, како и во Гостивар, Кочани и Кичево. Дополнително, четворица возачи биле под дејство на алкохол во Скопје, Кавадарци и Македонска Каменица, додека едно лице во Кичево управувало возило и покрај изречена забрана за управување од Б категорија.
По целосно документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, да не управуваат возила без дозвола, под дејство на алкохол или додека им е изречена забрана, со цел заеднички да се придонесе кон поголема безбедност во сообраќајот.


































