Фото: Маја Јаневска-Илиева

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека од 4 април 2026 година ќе стапи во сила нов возен ред за дел од автобуски линии во рамки на градската мрежа.

Како што соопштуваат од ЈСП, измените се прават со цел усогласување со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз, што треба да придонесе за подобра организација и поголема ефикасност на јавниот превоз во главниот град.

Од претпријатието посочуваат дека со новиот возен ред ќе се направи прилагодување на движењето на автобусите според новите системски решенија, со цел подобро функционирање на целокупниот превозен систем.

Деталните информации за измените, вклучително и распоредот по линии и по постојки, ќе бидат достапни на официјалната веб-страница на ЈСП Скопје.