ФУДБАЛ
Спортинг Лисабон се запиша на листата на тимови што направиле голем пресврт во Лигата на шампионите (ЛШ), откако го победи дома Бодо/Глимт со 5-0, за да го надмине поразот од 0-3 во првата средба од осминафиналето сезонава.
Во историјата на Лигата на шампионите, само седум пати гостински тим ја поништил негативата од првиот натпревар, а два од овие натпревари се добиени со повеќе голови на гости, правило што е укинато од сезоната 2021/2022, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА). Домашните тимови во реваншот, помалку изненадувачки, имаа враќања во многу повеќе наврати, но само еднаш со четири гола разлика и четири пати со дефицит од три гола од првиот натпревар, пишува УЕФА.
Така, Спортинг на оваа листа за надополнување пораз со три гола разлика од прв натпревар сега е заедно со Ливерпул (пораз на гости кај Барселона со 0-3, победа дома со 4-0, во полуфиналето на сезоната 2018/2019), Рома (пораз на гости кај Барселона со 1-4, победа дома со 3-0, четврт-финале во сезоната 2017/2018) и со Ла Коруња (пораз на гости кај Милан со 1-4, победа дома со 4-0, четврт-финале, сезона 2003/2004), пишува УЕФА. Н.М.
































