Фото:Принтскрин

Шефот на дипломатијата на Иран, Абас Арагчи, изјави дека новиот врховен лидер на земјата Моџтаба Хамнеи се наоѓа во добра здравствена состојба и целосно ја контролира ситуацијата во државата.

Арагчи нагласи дека Иран ги поздравува сите регионални иницијативи кои би можеле да придонесат за праведен завршеток на војната, но додаде дека во моментов не постојат конкретни предлози или иницијативи на маса кои би довеле до крај на конфликтот.

Говорејќи за поморскиот сообраќај, иранскиот министер повтори дека Ормуски Теснец останува отворен за меѓународниот транспорт, но истакна дека тоа не се однесува на бродови од САД и нивните сојузници.