Запалена сува трева предизвика пожар во дел од магацин на компанија, која произведува раноградински производи во близина на село Таринци во Општина Карбинци. Причинета е материјална штета. Командирот од Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов вели пожарот се случи во 14.20 минути, а во моментот се врши негово догаснување. Ренџов додава дека на лице место интервенираат екипите на ТППЕ Штип, со две противпожарни возила. Пожарот најпрво настанал на сувата трева околу објектот, па потоа бил зафатен објектот, пренесува МИА.
-Во пожарот зафатени се сува трева и помошен дел од магацинот, каде што чуваат стари работи, како гајби и неупотребливи црева. Во 14. 20 е локализиран, а вршиме и догаснување. На лице место се две противпожарни возила. Материјална штета има. Пожарот е настанат од сува трева, по што го зафатил објектот-изјави Ренџов.
Според Ренџов и лани имало пожаро околу овој објект.


































