На виделина и други сценарија од Европската комисија за ЕУ-интеграција, кои сепак имаат либерално-политичка заднина (2)
- Нацрт-заклучоците за Европскиот совет за 19 март – кои веќе почнаа да циркулираат – се однесуваат на дебатата за проширување (а и на спорот за заемот за Украина). Првичните нацрти сугерираат дека од лидерите се очекува да го поддржат традиционалниот пристап на Унијата кон пристапувањето – критериуми од Копенхаген, базиран на заслуги, и тоа да биде точка на следниот самит на ЕУ, зајакнувајќи ја преференцијата на таквите досегнати стандарди како заслуги на земјите, и да биде една конечна постојна рамка за натаму, со исфрлени билатерални спорови
Надежите на Украина и некои земји од Западен Балкан за забрзано членство во ЕУ беа потопени деновиве на една обична вечера во Брисел, при што амбасадорите на ЕУ му кажаа на Бјорн Зајберт, моќниот шеф на кабинетот на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, дека земјите членки нема да го прифатат контроверзниот предлог на Комисијата за „обратно проширување“ на Унијата.
Еден голем дел амбасадори на членките на ЕУ го исклучија моделот – обратно проширување („прво членство, а потоа интеграција“) што извршната власт на Унијата, поточно Европската комисија (ЕК), го туркаше, пред сѐ во обид на Украина да ѝ даде преференцијален статус за да се приклучи во ЕУ до 2027 година!
Од регионов најзагреани за таа идеја беа Србија и Албанија, додека Црна Гора, која отиде најдалеку во преговорите, е против членство во ЕУ без право на глас. Молдавија исто така беше расположена за оваа идеја.
Удар за Европската комисија
Ставот со кој се отфрли „обратното проширување на ЕУ“ беше особено силен удар за бриселските либерални елити и Урсула фон дер Лајен, кои го туркаа напред овој „квазимодо-предлог“, со кој повторно нашата земја се ставаше на крајот на редот на земјите кандидатки. Но ова отфрлање на измисленото „обратно проширување“ беше тежок удар и за Киев, бидејќи паралелно со овој предлог, либералната милитаристичка екипа од бриселската влада се обидуваше да стави во функција уште еден „итен пакет финансиска помош за Киев“, кој е заглавен поради блокадата на Унгарија.
Еден дипломат за медиумот „Политико“ многу пластично го опишал расположението на амбасадорите на ЕУ, кои го пренеле и негативниот став на нивните национални влади во врска со т.н. „обратно проширување“ на ЕУ.
„Готово е. Обратното проширување не води никаде“, изјавиле повеќе дипломати, сугерирајќи дека Зајберт (шефот на кабинет на Урсула фон дер Лајен) ќе мора да ѝ ја пренесе суровата вест на својата шефица, а европската влада (ЕК) да ја преиспита централната идеја на Комисијата. Други дипломати додале дека „оние од Европската комисија што ја промовирале идејата за обратно проширување создадоа лажни надежи. Сега, мора да го исправиме тоа и да им кажеме: Па, всушност, ова обратно проширување е мртво и пред предлагањето“…
Може ли Копенхашкит е критериуми да се вратат во игра како едни од
најпринципиелните мериторни стандарди за исполнување на кандидатите членки за ЕУ?
Нацрт-заклучоците за Европскиот совет за 19 март – кои веќе почнаа да циркулираат – се однесуваат на дебатата за проширување (а и на спорот за заемот за Украина). Првичните нацрти сугерираат дека од лидерите се очекува да го поддржат традиционалниот пристап на Унијата кон пристапувањето – критериуми од Копенхаген, базиран на заслуги, и тоа да биде точка на следниот самит на ЕУ, зајакнувајќи ја преференцијата на таквите досегнати стандарди како заслуги на земјите, и да биде една конечна постојна рамка за натаму, со исфрлени билатерални спорови.
Многу интересна информација е дека „еден висок функционер на ЕУ изјави дека за ова се дискутирало претходно во телото КОРЕПЕР (за чија специфична тежина пишувавме пред неколку броја во „Нова Македонија“), и тоа во голема мера „поради вревата создадена од дивите идеи“. А европратеничка Натали Лоазо од групата „Обнови ја Европа“ реагираше слично, предупредувајќи дека сите тие нови квазипристапи, измислици, уцени и нови услови на процедурата на пристапот кон ЕУ ризикуваат да создадат „конфузија кај земјите членки и разочарување кај земјите кандидати“.
Кај европската либерална влада сѐ уште остануваат три главни „иновативни“ идеи за иднината на политиката на проширување на ЕУ
Европската комисија, според она што може да се дознае, сѐ уште игра со три главни опции за иднината на политиката на проширување.
1. Првата би го оставила сегашниот систем непроменет, задржувајќи ги Албанија и Црна Гора како фаворити, со цел да се приклучат пред крајот на политичкиот мандат на ЕУ во 2029 година.
2. Според втората опција, позната како „постепена интеграција“, земјите кандидатки би се придружиле на повеќе иницијативи и програми на ЕУ без формално да влезат во блокот, оставајќи (ја пречката за) ратификација низ собранијата на сите 27 главни членки за подоцна. Експертите го гледаат ова како подобра опција. (Се разбира, оваа варијанта би ги разочарало земјите како Украина.)
3. Третата опција – најрадикалната за влез – е она што шефицата за проширување Марта Кос го нарече „фазна интеграција“, заменувајќи го апсурдно звучното „обратно проширување“, со тоа што, според овој пристап, земјите би добиле брз формален влез, договорен од сите 27 земји, а потоа би ги достигнале реформите подоцна. Ратификацијата само ќе стане посложена, со растечкиот суверенистички антилиберален бран во Европа (ова особено негативно би се одразило на земјите како Украина и Молдавија). Некои дипломати велат дека „протекувањето на идејата за обратното проширување помогнало да се стимулира проектот во развивање“. Н.М.
































