АТЛЕТИКА
- Во рамките на истото натпреварување, тој постави и нов македонски рекорд во скок со стап, кој сега е 4,2 метри
Македонскиот атлетски репрезентативец Огнен Стефановски повторно испиша историја, со вкупно 5.223 бода го собори сопствениот македонски рекорд во седмобој во сала, поставувајќи нова највисока вредност во оваа дисциплина во Македонија, изминатиот викенд во Словенија, на Националното првенство во повеќебој, информираат од Атлетската федерација на Македонија (АФМ).
Она што го прави овој настап уште поимпресивен е податокот што во рамките на истиот седмобој, тој постави и нов македонски рекорд во скок со стап, кој сега е 4,2 метри, пишува АФМ. По поединечни дисциплини, Стефановски ги оствари следните резултати: 8,42 секунди на 60 м со пречки, 6,84 м во скок во далечина, 1,83 м во скок во височина, 11,76 м во фрлање ѓуле, 4,2 м во скок со стап и 2:42,83 минути на 1.000 метри.
– Настапот на Огнен беше исполнет со стабилност, квалитет и зрелост во сите дисциплини, што е доказ дека македонската атлетика во повеќебој има сериозен потенцијал – велат од АФМ. Г.И.

































