Фото: ЕПА

ЗОИ 2026

  • Таа стана првата Јужнокорејка што освоила медал во зимски спорт под знамето за својата држава

Чои Гаон од Јужна Кореја се натпреварува во дисциплината сноубординг халфпајп на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026 во Кортина д`Ампецо (Италија). Во ова натпреварување таа го освои најсјајниот медал, победувајќи ја фаворитката Клои Ким. Ова е прв медал за Гаон на вакво големо натпреварување, а го освои со само 17 години и 110 дена, со што стана најмладата олимписка победничка во историјата на спортот.
Натпреварувањето за Чои започна како кошмар. Во првото возење младата тинејџерка доживеа страшен пад, останувајќи да лежи неподвижна неколку моменти додека публиката беше шокирана. Со солзи во очите и болки во колената, таа призна дека во тие моменти сакала да се откаже од ЗОИ. Сепак, со челична волја, се врати на патеката и во последното возење освои недостижни 90.25 поени, оставајќи ја легендарната Американка Клои Ким на втората позиција.
Освен што го собори тој рекорд, таа стана и првата Јужнокорејка што освоила медал во зимски спорт под знамето за својата држава. Чои веќе има многу успеси во сноубордингот, освојувајќи три светски шампионски титули во халфпајп. Со само 15 години, таа за првпат се натпреваруваше на Светското првенство (СП) за сениори во Купер Маунтин, каде што го освои посакуваното злато. Ова е уште еден пример дека Зимските олимписки игри (ЗОИ) носат многу изненадувања, а оваа беше од светот на сноубордингот. Г.И.