Денот на побезбеден интернет, во присуство на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот Дејан Проданоски, беше денеска одбележан во ОУ „Кире Гаврилоски- Јане„ а во рамки на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет на Македонија, кој се имплементира од Министерството за дигитална трансформација, во соработка со проектните партнери.
Учениците и наставниците од ОУ „Кире Гавриловски Јане“ – Прилеп се погрижија
настанот да помине во убава атмосфера, со мултимедијална програма и изложба на тема „Користиме безбеден интернет“.
-По втор пат го одбележуваме Денот за безбеден интернет . На интерактивен начин
присутните се забавуваа, дебатираа како да го користат побезбедно интернетот. Ова е во рамките на големиот проект за воспоставување на Центарот за побезбеден интернет во Македонија поддржан од Дигитална Европа и ЕУ. Очекуваме поддршка на ЕУ за втора фаза на проектот. Досега искористивме 600.000 евра, а во вториот дел очекуваме поддршката д абиде над милион евра – рече министерот Стефан Андоновски, кој посочи треба да има забрани з аинтернет, туку да се превенира користењето на интеренетот, да се разговара со младите кои алатки да ги користат, колку време и кои содржини да ги следат, односно родителите да се грижат децата да користат безбеден интернет.
Според градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски, младите треба да се описменуваат за дигиталниот свет, дека родителите се тие кои треба да се грижат и да
укажуваат кои алатки можат да ги користат.
– Во ОУ „Кире Гаврилоски- Јане“денот секоја година се одбележува, преку
едукативни работилници, предавање, а со цел да им укажеме на учениците како
користењето на интернетот да биде побезбедно. За тие алатки се информирани и
родителите -изјави Снежана К. Шубеска, директор на училиштето.
Инаку, од денеска во Прилеп започна со работа Центарот за јавни услуги, сместен
во простории од општината, со кој граѓаните можат услугите да ги многу брзо. Вакви
услуги граѓаните ќе добиваат во 14 градови.
Ка.М.


































