Фото: ЕПА
  • Од повторувања со вештачка интелигенција до камери монтирани на дронови и кинематографски приказни, Олимписките радиодифузни услуги (ОБС) се подготвени да испорачаат најимпресивна и најбогата со податоци покриеност досега за зимски олимписки игри, овозможувајќи ѝ на публиката низ светот подобро да ги сподели приказните на спортистите, пишува ИОК

Олимписките игри ја поттикнаа иновацијата во спортските преноси во претходните 90 години. Врз основа на документ од Центарот за олимписки студии, Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) истражува како тој дух на напредок ќе продолжи на 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) што се одржуваат во Милано и во Кортина д`Ампецо. Од повторувања со вештачка интелигенција до камери монтирани на дронови и кинематографски приказни, Олимписките радиодифузни услуги (ОБС) се подготвени да испорачаат најимпресивна и најбогата со податоци покриеност досега за ЗОИ, овозможувајќи ѝ на публиката низ светот подобро да ги сподели приказните на спортистите, пишува ИОК.
Меѓу истакнатите карактеристики планирани за ЗОИ 2026 е проширената употреба на вештачка интелигенција за подобрување на преносот во живо и раскажувањето приказни. Од попаметни повторувања што ги разложуваат движењата на спортистите во јасни секвенци, до графика на екранот што го олеснува споредувањето на перформансите во реално време, овие алатки ќе понудат невиден увид во стратегијата, техниката и изведбата. На пример, во карлингот, вештачката интелигенција ќе го следи патот на каменот со прецизност, помагајќи им на гледачите да ги разберат како никогаш досега тактиките што се играат. Зголемената покриеност со дронови, исто така, ќе додаде динамични нови перспективи на многу настани, а кинематографските камери ќе помогнат да се пренесат емоциите и драмата на клучните моменти во сите спортови, пишува ИОК.
Со овие иновации, ЗОИ 2026 ќе додадат возбудливо ново поглавје во привлечната 90-годишна историја на олимписките преноси. Од домашни експерименти со телевизија во живо до глобални, мултиплатформски емитувања подобрени со вештачка интелигенција, секое издание на Игрите е обележано со технолошки пресвртници што го обликувале начинот на кој светот го доживува олимпискиот спорт.

– Наместо еден единствен пробив, континуираната слоевитост на иновациите со текот на времето го трансформираше искуството со олимпиското емитување – вели Исидоро Морено, раководител на инженерски оддел на ОБС.
Првиот од тие слоеви дојде во 1936 година, кога Олимписките игри беа видливи првпат, во Берлин и околината, пишува ИОК. До Рим во 1960 година, преносот во живо достигна до 18 европски земји и се доставуваше за неколку часа до публиката во САД и во Јапонија. Четири години подоцна, во Токио, во 1964 година, беше воведена првата употреба на сателитски пренос за пренесување слики во реално време низ континентите, пробив што Морено го опишува како „моментот кога Игрите станаа вистински глобални“. Потоа темпото на напредок се забрза. Додека во 1964 година имаше одбрани настани во боја за домашната публика, Игрите во Мексико Сити во 1968 година донесоа преноси во боја за гледачите низ светот, заедно со дебито на повторувања во живо со забавено движење. Во Албервил во 1992 година беа означени раните испробувања на технологијата со висока дефиниција, а со воспоставувањето на ОБС во 2001 година, беше поставена сцената за поголема конзистентност и долгорочна иновација. Во Пекинг во 2008 година беа првите Игри произведени целосно во ХД, а во Лондон во 2012 година имаше пресвртница во обемот и достапноста на преносот во живо со мултилатерално покривање, пишува ИОК.
Транзицијата кон дигитално емитување донесе нови димензии на раскажувањето приказни. Во Атина во 2004 година беше воведено првото т.н пренесување во живо и рани мобилни услуги, а Игрите во Пекинг во 2008 година беа наречени првите „целосно дигитални игри“, пишува ИОК. Зимските олимписки игри во Ванкувер во 2010 година го видоа појавувањето на социјалните медиуми, а во Токио во 2021 година беа продуцирани во „УХД ХДР“ и ја искористија т.н. клауд-инфраструктура за да овозможат далечинско производство во голем обем.
Додека ЗОИ 2026 се подготвуваат да го испорачаат најимпресивното и најдинамично емитување на зимските игри досега, ОБС ќе продолжи со горда традиција на иновации што го дефинира олимпиското емитување 90 години. Од црно-бели снимки во Берлин до покриеност во Италија овозможена преку т.н. клауд и подобрена со вештачка интелигенција, сите Игри го обликуваа начинот на кој светот го доживува олимпискиот спорт, пишува ИОК. Н.М.