Гала-вечер со Сичуанската оперска трупа од покраината Сичуан, Струковиот универзитет за уметности „Ченгду“ и театарското друштво „Џингџу“ од Пекинг, по повод кинеската Нова година, насловена „Културна Кина · Прекрасниот Сичуан“ се оддржа вчера во Македонскиот народен театар во Скопје. Настанот беше организиран со поддршка на Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија и Министерство за култура и туризам на Македонија, а коорганизатори се Кинескиот меѓународен центар за културна размена, Македонскиот народен театар и Народниот театар–Битола.

Уметниците од НР Кина изведоа повеќе национални уметнички перформанси, а на воодушевување на публиката приредија и инструментална изведба на македонската народна песна „Ој девојче, девојче“.
Сичуанската оперска трупа ќе го збогати пријателството меѓу Кина и Македонија
































