Премиерот Христијан Мицкоски учеството на Форумот во Давос го оцени како успешно најавувајќи дека набргу ќе има резултати во насока на реализација на конкретни проекти и инвестиции. Смета дека во иднина во состав на македонската делегација треба да има и претставници на бизнис-секторот бидејќи, според него, Фрумот е голема можност за воспоствување бизнис-соработка.
– Можам да кажам историски успешно бидејќи како претседател на Владата бев учесник на три панели со луѓе од врвот на светскиот бизнис, генерално, мултинационални компании, чија вредност честопати се мери и во трилиони. Светот во годините што следуваат ги детерминира приоритетите. Приоритетите се вештачката интелегенција и секое општество што тоа нема да го препознае, ќе биде осудено на пропаст – рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по увидот во инфраструктурните проекти во Гази Баба.
Додава дека за вештачката интелегенција да може да фунционира, потребна се дигитална демократија, дигитално општество, и дата-центар, со, како што нагласи, робусни моќни компјутери, кои изобилуваат со институционална меморија и искуство, и ќе овозможат таа вештачка интелегенција да работи и функционира во зависност од потребите на оној што ја користи.
– За да имаме добро и стабилно работење на тие дата-центри, ова дигитално општество за коешто зборувам, за дигитална демократија, потребно ни е стабилно снабдување на електрична енергија, што значи нови производни капацитети на електрична енергија. И од она што во еден разговор со главниот извршен директор на Светската агенција за енергетика го разговарав, во следниве 10 години потребни се, верувале или не 40 илјади теравати нови производни капацитети за производство на електрична енергија. Колку е тоа сега, тоа е отприлика колку што денеска имаат заедно САД, Канада, ЕУ и Јапонија. Замислете ние како регион, за што мислам да покренам и регионална иницијатива, да привлечеме 0,01 процент од оваа бројка. Тоа значи дека во следниве 10 години, како регион зборувам Западен Балкан, Србија, Црна Гора, БиХ, Косово, Албанија и Македонија. Тоа ќе значи отприлика, ако еден инсталиран мегават чини помеѓу милион до два милиони евра, тоа ќе значи 4 трилиони евра инвестициска активност за регионот. Или да бидам попрецизен, 4 илјади милијарди. Или секоја година 400 милијарди евра можност. Тоа ќе се случи, вели Мицкоски.
Нагласи дека дали тоа ние ќе го препознеме и ќе ги привлечеме како регион или ќе отидат на друго место, тоа секако ќе се случи затоа што човештвото оди во таа насока.
Затоа, како што рече, како приоритет на маса ги ставил проектите Чебрен, Галиште и Бошков мост коишто се само две милијарди од тие 400 коишто ни стојат како можност секоја година. Две милијарди кога зборувам, зборувам за период од 7 до 10 години колку што ценам дека е потребно овие капацитети да се изградат. Кога добро ќе се изанализира сето ова ќе сфатиме дека ние како регион немаме капацитет, ниту човечки, ниту институционален да привлечеме 0,01 процент од овие коишто ќе се случат, нема бегање. И затоа размислував да го прошириме опфатот со Словенија, Хрватска, Грција, Романија, Бугарија, Турција. Сите пак овие земји заедно имаат некаде околу 2,5 трилиона бруто односно номинален БДП, повторно помалку од овие 4 трилиона коишто се 0,01 процент од она што ќе му треба на човештвото во следните 10 години – смета Мицкоски.
Нагласи дека во однос на тоа дали нашата меѓународна активност е изолирана или не, гледаат граѓаните и, како што рече, тие се оние кои кажуваат на избори и го даваат својот глас.
-Можам да кажам дека времето на дипломатијата на свиткана кичма и снисходливост на дебелите црвени килими помина. Сега е тоа дипломатија која носи реални резултати и се бори и ги чува македонските национални интереси. Инаку да имав, средби и со државници а ќе имам сега на Минхенската безбедносна конференија уште такви средби. Но, она што е важно и што македонската јавност треба да го знае, е оти жалам што досега Македонија не била претставена во Давос како што е сега и како што ќе биде отсега па натаму, барем додека јас сум претседател на Владата, а кога нема да биде, на тој помене ќе му го пренесам тоа искуство дека Давос се користи за бизнис средби. Затоа во македонската делегација мора да има и претствници на бизнис заедницата бидејќи таму имше 100 до 150 претседатели на влади и држави, но и 10 илјади високи претствници на мултинационални компании кои годишно имаат приходи поголеми од 1 милијарда па до неколку трилиони – рече премиерот.
Најави дека доколку и до година тој ја предводи македонската делегација на Форумот во Давос, ќе покани и преставници на македонската бизнис заедница.
































