Возел со 3,19 промили алкохол во крвта и излетал од патот, полициски службеници лишиле од слобода 38-годишник од кратовското село Татомир.
– Синоќа во 23.07 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР – Кратово го лишија од слобода С.С., на возраст од 38 години од кратовското село Татомир. Претходно, во 22.45 часот на регионалниот пат село Татомир – Кратово, во селото Туралево, С.С. управувајќи возило излетал од патот, а по извршени проверки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,19 промили алкохол во крвта – соопштија од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, како што додадоа, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.


































