Фото: Влада

Поранешниот германски канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин одлуката за напад врз Укриана ја донел најмалку две години пред 24 февруари 2022 година.

– Денес сум цврсто убеден дека Путин го планира својот напад однапред и речиси ништо не можеше да го одврати од тоа – истакна Шолц.

Тој додаде дека Путин можеше да ги реализира сериозните барања, како што е одбивање на членството на Украина во НАТО или распоредување на ракети со долг дострел на украинска територија без вооружен судир.

– Сето тоа можеше да се постигне без војна и на крајот Украинците ќе се согласеа, како сите ние. Тоа значи дека тој сакаше војна – посочи Шолц.