КОШАРКА
По одигрувањето на кошаркарските натпревари од првата елиминациска фаза во машка и во женска конкуренција, се формираа четвртфиналните двојки во купот „Благоја Георгиевски-Буштур“. Така, во машка конкуренција осумте првопласирани екипи на табелата по 11-те одиграни кола во Суперлигата обезбедија четврт-финале, а во него првите четири екипи директно се квалификуваа, додека другите четири го сторија тоа преку одигрување на осминафиналните натпревари.
Осминафинале, резултати: Работнички – Тиквеш Голден Игл 92-73, МКК Куманово – Ангели 95-65, Маџари – Гостивар 82-59 и Чаир 2030 – Феникс 2010 79-83. Четвртфинални двојки: ТФТ – Феникс 2010, МЗТ Скопје Аеродром – Работнички, Кожув – Маџари и Пелистер – МКК Куманово.
Во женска конкуренција веќе се познати полуфиналните двојки, Крива Паланка – Бадел 1862 и Баскет Кам – МЗТ Бела вода. Ова е епилогот по четирите елиминациски дуели во кои учествуваа осумте екипи од Првата лига, во кои се постигнаа следниве резултати: Баскет Кам – Спорт тим 69-31, Бадел 1862 – Пробаскет 93-62, Крива Паланка – Патриот 2016 100-50 и Вардар – МЗТ Бела вода 69-77.
Завршниот турнир според календарот е предвиден за февруари, а домаќинот ќе биде дополнително одреден. Г.И.
































