Триесет и четири патнички возила биле оштетени на паркинг на булеварот „АСНОМ“, а вкупната материјална штета е проценета на околу 11.000 евра, информираат од МВР.
– Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 23 часот на 27 декември до 9 часот 28 декември, на паркинг простор на булеварот АСНОМ, е извршено оштетување на 34 патнички возила со вкупна материјална штета од околу 11.000 евра – се наведува во информацијата од МВР.
Увид извршила екипа од СВР Скопје, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.



































