Индустријата учи дека публиката сака да гледа различни приказни, мегауспешните „Месечева светлина“, „Црниот пантер“ или „Луди богати Азијци“ или, пак, ЛГБТ-тематски филмови, кога само во Велика Британија, еден на 50 луѓе се идентификува како лезбијка, геј или бисексуалец, вели главната уредничка на „Емпајр“, Тери Вајт. Таа додава дека 2018 година ќе биде запаметена како значајна година за лезбиските врски на екраните
Сѐ повеќе на екраните се поставуваат геј-приказни. Филмот „Непослушност“, кој ќе се прикаже во кината на крајот на месецот, е адаптација на романот на Наоми Алдермен, што раскажува приказна за две жени од еврејско маало, кои ги играат Рејчел Вајс и Рејчел Мекадамс. Кристен Стјуарт и Клои Севињи заедно се појавуваат во „Лизи“, филм опишан како најкласичниот лезбиски филм со убиства со моторна пила на сите времиња. Кира Најтли ја игра Колет во претстојниот истоимен биографски филм на квир-авторката. Чанја Батон е режисерка на „Вита и Вирџинија“, филм што ја раскажува приказната за љубовната афера на Вита Саквил-Вест и Вирџинија Вулф. Оливија Колман, која ја игра улогата на Елизабета Втора во филмот „Елизабета Втора во круна“, филм што моментално се снима, игра сосема различен, фиктивен квир-карактер во комедијата „Омилената“, која треба да има премиера следната година. Таа ги опишува секс-сцените со Ема Стоун како „многу забавни“.
– Највозбудливо е што во кината забележуваме претставници и надвор од инди-продукцијата, која досега го сочинуваше мнозинството што се обидуваше да се протне, ако не во блокбастерите, барем во филмовите со поширока публика, големи холивудски таленти и конкуренти за награди – вели главната уредничка на „Емпајр“, Тери Вајт.
Исто така се забележува и пораст на бројот на геј-жени што работат како во телевизиската така и во филмската индустрија, пишување, режирање, продукција, што го има ефектот на избегнување на критичкиот машки поглед со кој се соочи Абделатиф Кечиче додека го пишуваше и режираше филмот „Сината е најтопла боја“ (2013), филм што доживеа моќен пробив во лезбиската кинематографија. Моментално една од најсилните холивудски продуцентки е Меган Елисон („Зиро дарк трти“, „Таа“). Синди Холанд е исклучително влијателна заменик-претседателка на оригиналната содржина на „Нетфликс“. Нивниот онлајн-канал тукушто презеде шоу на Чарли Ковел (која ги напиша „Крајот на проклетиот свет“), што ќе биде ексклузивно продуцирано од страна на Нина Ледерман. Сите тие се геј-жени.
Линда Рајли, издавачка на лезбискиот магазин „Дива“ и британска директорка на медиумската мониторинг-група „Глаад“, не смета дека лезбијки треба да играат исклучиво лезбиски улоги.
– Тоа е исто како, да речеме, дека полицаец треба да глуми полицаец, но овие улоги се толку ретки, а има толку одлични геј или бисексуални актерки што мора да биде земено предвид – вели Рајли.
Публиката позитивно реагира на квир-жените, кои се претставени како од хетеросексуални, така и од квир-актери. Аислин Беа, која играше карактер на лезбијка во „Градот“, би била среќна да го стори тоа одново, а Кејт Бланшет пак беше номинирана за „оскар“ за нејзината улога како Керол во истоимената лезбиска романса во 2016 година. Прикажувањето квир-жени на екраните постепено еволуира. Во САД, серијата „Портокаловата е новата црна“ на „Нетфликс“ беше поздравена за автентичниот приказ, како и „Транспарент“ на „Амазон“, која исто така вклучува неколку лезбиски врски.
Тери Вајт исто така посочува дека сѐ почесто овие филмови настојуваат да ги прикажат различните аспекти на животот на квир-луѓето, не само болката и страдањето туку и хуморот и пеколот, па дури и секојдневието.
– Индустријата учи дека публиката сака да гледа различни приказни, мегауспешните „Месечева светлина“, „Црниот пантер“ или „Луди богати Азијци“ или, пак, ЛГБТ-тематски филмови, кога само во Велика Британија, еден на 50 луѓе се идентификува како лезбијка, геј или бисексуалец – вели Вајт и додава дека 2018 година ќе биде запаметена како значајна година за лезбиските врски на екраните.