Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска е реализирана исплата на субвенции во вкупен износ од 335.963.096 денари (влизу 5,5 милиони евра) кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека исплатата е дел од континуираните активности за навремена поддршка на земјоделскиот сектор и стабилизирање на сточарското производство.

Во врска со корисниците на кои сè уште не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, од Министерството појаснуваат дека е неопходно тие да се обратат до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, каде што ќе се изврши детална проверка и индивидуално разгледување на секој поединечен случај.

Од МЗШВ најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активностите насочени кон унапредување на земјоделството и навремена финансиска поддршка за земјоделците низ целата држава.