Фото: ССКЛ/ЗКЛМ

М-НАВ информира дека денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Работите, како што информираат, биле реализирани во период со магла и намалена видливост, кој бил оптимално искористен за комплетно и безбедно завршување на активностите, без какво било влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај.

Со оваа фаза се заокружува процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар, како предуслов за понатамошните активности поврзани со инсталацијата на новиот модерен радарски систем.

– М-НАВ и понатаму останува целосно посветен на безбедноста и континуитетот на воздушниот сообраќај, како и на навремена и професионална реализација на сите планирани активности – се вели во соопштението.