Само гледајте како парите ќе почнат да се собираат! Сите знаат или барем чуле за фенг шуи, но додека многумина размислуваат за распоредот на просториите и мебелот што не е баш лесно да се менува, повеќето не се сигурни како влијаат декоративните парчиња мебел. Нивното поставување или промена може да доведе до драматични подобрувања, како и да ја оптимизира енергијата што тече низ просторот.
Да потсетиме, фенг шуи има пет елементи: вода, земја, оган, дрво и метал, а секој од нив зајакнува одреден вид на енергија. Кога станува збор за парите, тие најчесто се поврзуваат со елементот вода. Сите што сакаат да го одржат нејзиниот тек или да го зајакнат треба на самиот влез во домот да постават тепих во сини нијанси. Ако тоа не е можно, добро е барем простирката да има детали во сина или зелена боја.
Како фенг шуи ги „отвора“ енергетски блокади? Ако имате финансиски проблеми и чувствувате дека енергијата е „заклучена“,потребен ви е тепих со црвенкасти и кафеави тонови. Оваа комбинација може да создаде „запалива“ мешавина што ќе ги отвори блокадите.
Најголема грешка прават сопствениците на деловен простор што одлучуваат да платат изработка на тепих со името на фирмата на него. Истото тоа важи и за тепихот на влезот. Никогаш немојте да го правите тоа, велат мајсторите на фенг шуи. Со тоа дозволувате да се гази по вашиот деловен углед, потенцираат тие. Подобро е од влезот да води некој дезен што потсетува на патека, по кој партнерите, клиентите или купувачите природно доаѓаат до вас.
Ако не сте во можност да ги менувате подните теписи во блиска иднина, послужете се со мал трик што се користи како „лек од фенг шуи“. Набавете парче суви алги или мов и ставете ги под тепихот. Со тоа привлекувате среќа и богатство во домот. Не користете суво цвеќе, многумина го собираат залудно и со тоа создаваат неред полн со прашина. Фенг шуи го забранува.
Алгите како детаљ од природата со специјална намена дејствуваат како средство за зајакнување на енергијата на теписите што не можеме да ги смениме.

































