Фото: Пиксабеј

Техно

Експертите за сајбер-безбедност издадоа предупредување до сопствениците на андроид-уреди за апликациите што собираат лични податоци. Во нова истрага спроведена од страна на порталот за потрошувачи „Вич“ се утврди кои апликации може да ги злоупотребуваат корисничките податоци. Меѓу нив беа и апликации како Ватсап, Фејсбук, Тикток, Инстаграм, Амазон, Алиекспрес… – кои заедно се симнати повеќе од 28 милијарди пати низ целиот свет.
Милиони луѓе користат апликации секој ден за сè, од следење на здравјето и фитнесот до онлајн купување. Иако се бесплатни, истражувањето покажа дека корисниците всушност плаќаат со своите податоци, често во застрашувачки големи количества.
Анализата покажа дека сите апликации бараат таканаречени ризични дозволи, и тоа често без вистинска потреба, што значи дека корисниците треба да бидат многу повнимателни при давање согласност.