• „Сентиментална вредност“ на Јоаким Трир и „Франц“ на Агњешка Холанд исто така добија повеќе номинации за ЕФА

Европската филмска академија ги објави номинациите за техничките и креативните категории на Европските филмски награди 2026, а трите филма што убедливо доминираат се мрачната комедија „Бугонија“ на Јоргос Лантимос, постапокалиптичниот роуд-филм „Сират“ на Оливие Лаш и германската историска драма „Звукот на падот“ на Маша Шилински – секој со по пет номинации.
„Бугонија“, необична и провокативна реинтерпретација на култниот корејски научнофантастичен филм „Спаси ја зелената планета!“ (2003), освои номинации за оригинална музика, монтажа, шминка и фризура, сценографија и тонски дизајн. Филмот има и една номинација во главните категории – за најдобра режија за Јоргос Лантимос.
„Сират“, кој преку пулсирачки техносаундтрак нуди неочекувано емотивен поглед кон смртта и крајот на светот, е номиниран за кастинг, кинематографија, монтажа, сценографија и дизајн на звук. Овој филм, заедно со „Звукот на падот“, е и кандидат за најдобар европски филм.
„Звукот на падот“ раскажува вкрстени приказни на четири млади жени што растат на иста фарма, но во различни историски периоди. Филмот доби номинации за кастинг, кинематографија, оригинална музика, костимографија, како и за шминка и фризура.
Меѓу најистакнатите наслови е и норвешката мелодрама „Сентиментални вредности“ на Јоаким Трир, која води во главните категории со пет номинации, а во занаетчиските категории доби уште три: кастинг, оригинална музика и сценографија.
Биографскиот филм за Франц Кафка, „Франц“ на Агњешка Холанд, исто така се истакна со номинации за костимографија и шминка/фризура.
Церемонијата на доделување на Европските филмски награди 2026 ќе се одржи на 17 јануари во Берлин.


Комплетна листа на номинации – уметнички и технички категории

Кастинг:
Надја Акими, Луис Бертоло и Марија Родриго – „Сират“
Карима Ел-Ѓиамал и Жаклин Риц – „Звукот на падот“
Јнгвил Колсет Хага и Ави Кауфман – „Сентиментални вредности“

Кинематографија:
Ману Дакос – „Странецот“
Фабијан Гампер – „Звукот на падот“
Мауро Ерсе – „Сират“

Оригинална музика:
Џерскин Фендрикс – „Бугонија“
Михаел Фидлер и Ајке Хозенфелд – „Звукот на падот“
Ханија Рани – „Сентиментални вредности“

Костимографија:
Микаела Хорачкова Хорејши – „Франц“
Сабрина Кремер – „Звукот на падот“
Урсула Пацак – „Душа“

Монтажа:
Кристобал Фернандес – „Сират“
Тони Фрошхамер – „Умри, љубов моја“
Јоргос Мавропсаридис – „Бугонија“
Шминка и фризура:
Габриела Полакова – „Франц“
Ирина Шварц и Ана-Мари Валтер – „Звукот на падот“
Торстен Вите – „Бугонија“

Сценографија:
Лаја Атека – „Сират“
Џејмс Прајс – „Бугонија“
Јорген Стангеби Ларсен – „Сентиментални вредности“

Дизајн на звук:
Џони Берн – „Бугонија“
Лаја Касановас – „Сират“
Гвеноле Ле Борн, Марион Папино, Ларс Гинцел, Елиас Бугедир и Амал Атиа – „Звукот на Хинд Раџаб“