Фото: МИА

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар за завршување на автопатското решение на Коридорот 8.

– Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија – напиша Николоски на својот фејсбук-профил.