Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека „нелегалните дејствија“ на Европската Унија во врска со замрзнатите руски средства ќе предизвикаат „најостра реакција“ од Русија и дека Москва веќе подготвува одмазднички мерки.
Во меѓувреме, германскиот канцелар Фридрих Мерц ја одложи својата посета на Норвешка утре -изјави портпарол на германската влада.
Наместо тоа, тој ќе ја посети Белгија, каде што веројатно ќе разговара за прашањето за руските средства со белгискиот премиер Барт де Вевер и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.




































