Излезе од печат јубилејното 70.издание на весникот „Илинден“ кој буди голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, нашата земја како и меѓу македонската дијаспора во светот.
– Се надевам дека ќе продолжиме со несмален интензитет да информираме со истата сериозност и пристап во објавувањето на темите, а се од интересен за македонското национално малцинство во Република Албанија, но и за промоција на активностите на македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на македонското население надвор од границите на својата матична држава – изјави Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник на весникот.
Во ова издание, покрај другото објавени се написите:
- Македонско друштво “Илинден“-Тирана ќе биде домаќин на следниот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности
- Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на Лорант Винце, претседател на ФУЕН
- Генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на 69-от Конгрес едногласно усвои Резолуција поднесена од Македонско друштво „Илинден“- Тирана
- Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на Конгресот на ФУЕН во Болзано, Италија
- Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот учестуваше на состанок на Работна група на словенски малцинства
- Македонско друштво “Илинден”-Тирана му честишаше на ВМРО-ДПМНЕ за големата победа на локалните избори
- Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 22-ри Ноември – Денот на Албанската азбука
- Претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај на средбата со Никчевски, директор на Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски – Скопје
- Почина Славица Гаџова Свидерска, професорка по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана (1984-2025)
- Телеграма од Македонско друштво “Илинден”-Тирана со сочуство до семејството на Славица Гаџова Свидерска
- Македонско друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија за Македонците во Албанија
- Македонска алијанса за европска интеграција: Нема да замолчиме пред бугарските манипулации
- Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа
- Ѓурѓај: Извештајот на ФУЕН e десетгодишен труд на македонско друштво “Илинден“-Тирана
- За девет месеци на граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо минале 36.938 патници или 9 отсто повеќе споредено со лани
- Авантуристички парк во Студено областа Голо Брдо нов чекор за туристичко оживување на областа Голо Брдо
- Почна со работа Специјалната собраниска комисија “За административно-територијална реформа“
На први март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број на весникот, од мај 2017 година весникот е и со електронско издание www.vesnik-ilinden.coм
Во септември истата година, е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски периодични списанија со ISSN 2522-6282 (online) и ISSN 2522-4514 (print) и дел од двата најголеми читачи на вести и клиентска датотека во Македонија: time.mk, grid.mk, daily.mk и vesti.mk
Македонски весник “Илинден” е член на платформата Алијанса за етички медиуми (АЕМ) каде членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија.


































