Фото: инстаграм профил/Александар Вучиќ

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека утре ќе разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за оживување на „житниот коридор“ преку Црното Море, објавува турскиот весник Хуриет.

– Се обидуваме да разбереме како ќе заврши оваа ситуација, како можеме да постигнеме мир. Ќе разговарам со Путин по телефон утре – изјави Ердоган за новинарите по самитот на Г20 во Јужна Африка.

Тој рече дека напорите на Турција за воспоставување на „житниот коридор“ всушност имале за цел „да го отворат патот кон мирот“.

– За жал, успеавме до одреден степен, но тоа не продолжи. Повторно ќе го прашам г-дин Путин за тоа – рече Ердоган, кој се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Анкара претходно оваа недела.

Ердоган рече дека ќе разговара и за можните чекори за запирање на војната со Путин. Тој додаде дека верува оти ќе има можност да разговара за исходот од разговорите со Путин со американскиот претседател Доналд Трамп и европските земји.